Популарниот пејач ја добил на суд жената која го тужела поради трајно оштетување на слухот и на име оштета барала девет милиони долари. Стејси Бетс поднела тужба во која истакнала дека ја водела ќерката на концерт на Џастин Бибер во јули 2010 година и претрпела оштетување на слухот.
Оваа самохрана мајка од Орегон го тужела Бибер, неговата издавачка куќа, организаторите на концертот и барала девет милиони долари оштета. Таа тврдела дека и пукнале ушните тапанчиња и рекла дека сега постојано и звони во ушите, а за сето тоа го обвинила Џастин Бибер.