Манџу Дара, 25-годишна девојка од Индија, никогаш не јадела цврста храна. Таа болува од ахалазија, поради што го повраќа секој залак кој ќе се обиде да го голтне. Од своето раѓање таа е на течна диета. Ахалазија е пореметување кое може да настане на било која возраст и кое обично се развива постепено. Нејзината мајка вели дека не се загрижила се додека нејзината ќерка не наполнила две години. тогаш се обидела да ја храни со леб и ориз, но Манџу плачела и и било лошо.

Семејството ја водело Манџу кај разни лекари и се обиделе со секакви третмани, но не можеле да си дозволат посета на специјалист или да платат операција, па купиле крава за млеко, кое и е неопходно. Манџу има уште седум браќа и сестри, и никој од нив ја нема оваа ретка болест. Таа дневно пие четири до пет литри млеко, успева да работи низ дома и изгледа прилично здраво, и покрај овие ограничувања. Поради се што и се случило во меѓувреме кај неа се развил страв од цврста храна.