Пописот на жителите во Индонезија неодамна открил дека во едно село на Суматра живее жена која тврди дека има 157 години. Ненек Турина навистина би можела да биде најстарата жена на светот, изјавиле попишувачите. Наводно била родена 1853 година. Рекле дека нема автентични документи кои би ја потврдиле нејзината возраст.


Дознале колку години има според нејзините тврдења, а има посвоена ќерка која има 108 години. Таа сеуште била активна околу домашните работи, и цел живот пушела цигари. Има добро памтење, добар вид и нема проблеми со слухот. Наводно своите документи го запалила во 1965 година за да нема проблеми со комунистите.