Британката Сузан Њутон паѓа во несвест ако се најде во близина на печени јајца. На нејзините познаници тоа најчесто им е забавно, но таа е една од ретките луѓе кои имаат фобија од печени јајца. Таа работи како советник за убавина и нега, и ова фобија и е толку многу развиена што вели дека јајцето и изгледа како злобно око.
39-годишната мајка скоро никогаш не оди во ресторани за да не налета случајно на, како што вели, гадно јајце во чинија. Се труди да ги избегнува ситуациите во кои би можела да налета на јајце бидејќи тогаш не може да ги контролира емоциите. Вели дека таа фобија се појавила пред многу години кога била на вечера кај пријател. Сликата на сендвичот од кој течела жолчката на јајцето сеуште ја прогонува. Во изминативе години таа добила и фобија од птици. Своите стравови не ги споменува никому бидејќи луѓето најчесто ја сфаќаат како на шега.