30 годишна малезијка го тужи сопругот, барајќи оштета во износ од 882.000 долари поради изгубената невиност, со образложение дека тој не ги исполнил ветувањата пред бракот.
Учителката од Малезија од судот исто така барала поништување на бракот. Пред судот се изјаснила дека нејзиниот сопруг ја уверувал дека треба да стапат во сексуален однос, пред брак, односно неколку месеци после нивниот прв состанок во 2006 година, ветувајќи и дека ке ја земе за жена.
Пред неколку месеци навистина ја оженил, но роднините на сопругот одбиле да ја признаат нивната брачна заедница.
Во тужбата поднесена до судот, измамената жена тврди дека е измамена за првиот сексуален однос со ветување дека ќе имаат среќен брак, но наместо тоа, од сопругот и неговите роднини трпела понижувања и психофизичко малтретирање.
Се работи за прва тужба од ваков вид во Малезија – рекол нејзиниот адвокат.