Ден во Дизниленд треба да биде забавен, но за жал, несреќи се случуваат дури и на најсреќното место на светот.

Жена од Обединетото Кралство го тужи Дизниленд Париз откако се здобила со изгореници од пламенот од апаратот за фламбирање на десертот „крем бруле“ кој што се користел во угостителскиот објект.

Ерика Озбурн, 37 годишна мајка, вечерала со нејзината ќерка во ресторан во рамки на комплексот кога се случил инцидентот. Од пламенот од апаратот за фламбирање се запалила нејзината облека и нејзиното лице, при што се здобила со изгореници од втор степен.

Озбурн била незадоволна од начинот на кој вработените се справиле од инцидентот. Таа бара писмено извинување од Дизниленд Париз.

А.М.