Еден човек од Обединетите Арапски Емирати бил тужен од сопругата за 12 милиони долари поради тоа што не ги исполнувал своите брачни должности и со тоа и нанел душевна болка. Жената пред судот рекла дека нејзиниот сопруг не спиел со неа во првите четири месеци од бракот, а подоцна открила дека пати од проблеми со потенцијата.


Таа потоа го обвинила дека не може да ги задоволи нејзините потреби. Жената, чија националност не е позната, побарала 12,25 милиони долари отштета. Таа тврди дека сопругот ја натерал да ја напушти работата и дека и го зел целиот накит. Случајот моментално е на разгледување пред судот во Дубаи.