Дека одмаздата е лоша работа, заклучил поранешниот сопруг на една жена. Откако ја оставил, таа по цел град излепила слики со неговото голо тело.

Паша Кумингс (40) едно утро непријатно се изненадил кога ги здогледал неговите голи слики излепени по целиот град. Околу 200 постери биле излепени по ѕидовите, бандерите и автобуските постојки во градот Сеафорд во Британија.


Се верува дека непријатните постери, кои го прикажуваат него како позира гол се дело на неговата бивша сопруга Керол. Таа за ден откако се појавиле сликите емигрирала на Кипар.

Под гламурозната глетка на сликите пишувало :
„Паша Кумингс: Лажлив, прељубнички и дволичен задник! Ни Сандра Бекворд не е подобра!.

Паша од сопругата се развел минатата година, после 6 години брак. Тврди дека со Сандра се во врска 2 месеци после разводот. Но неговата бивша не мисли така.

– Керол беше огорчена кога ја напуштив и ова е одмаздата. Тоа е последен чин на една напуштена жена, – вели Паша.

Бившата госпоѓа Куминг (44) не била достапна за коментар.