Донела Фернихог, позната како Донела Дулитл, сакала да ги развесели своите две патки откако една патка од нивното гнездо умрела, па ги однела на одмор. Со својот сопруг Бернард ги спакувале во нивната подвижна куќичка, па заедно од домот во Лидс се одвезле во Шкотска на заслужен одмор. Две патки кои се брачен пар биле депресивни откако нивниот пријател Кори умрел.
-Кориевата смрт силно ги погодила. Од тогаш се многу тажни и постојано го повикуваат. Одморот силно ги развесели, раскажува Донела.