Околу 150 желки исползиле во Њујорк на аеродромските писти на пат кон песочниот брег каде ги положуваат своите јајца, што довело до доцнење на десетици летови на аеродромот Џон Кенеди. Желките почнале да се појавуваат рано утрото. Набрзо на пистите имало толку многу желки што контролорите морале да ги пренасочат авионите на другите писти.


Летвоите доцнеле во просек по половина час, соопштила сојузната агенција за авио сообраќај. Миграцијата на желките на њујоршкиот аеродром се случува секоја година, бидејќи тој е изграден на границите на еден залив и едно заштитено подрачје.