Шефовите на аеродромот ЏФК во Њујорк биле принудени да ги затворат пистите за да може да помине една група на желки. Брзината на огромните авиони била преопасна за 78-те минијатурни желки кои тежат по околу еден килограм.
Пистите биле затворени 35 минути. Желките излегле од блиската вода, што не било прв пат, но се случувало многу ретко. Поради затворањето на пистите летовите доцнеле и по 90 минути. Желките биле пуштени во дивина многу далеку од аеродромот.