Неверојатно но вистинито. Во село во предградието на градот Чангхун во Кина живее желка која е вистински никотински зависник, бидејќи дневно пуши по десет цигари. Нејзиниот сопственик рекол дека желката станувала вознемирена кога чувствувала дека и треба цигаре. Имено, се почнало пред околу два месеци кога желката почнала послабо да јаде. Тогаш сопственикот го прегледал својот миленик како би востановил за што станува збор, и открил дека желката во стомакот имала заглавена пилешка коска. Бидејќи таа поради болка не дозволувала да и ја отстрани коската, сопственикот морал да и го одвлече вниманието на некој начин.
Бидејќи немал ништо при рака, тој се обидел со запалено цигаре кое му било во устата. Во својата намера успеал, ја извадил коската од стомакот, но истовремено направил поголем проблем. Имено, од желката направил пушач, а тоа го сватил еден ден откако желката го испушила првото цигаре. Кога завршил со работа, седнал да се одмори и запалил цигаре. Штом запалил, желката се појавила покрај него и почнала да испушта чудни звуци. Нејзината нервоза успеал да ја смири така што и дал цигаре. Рекол дека на почетокот било забавно, но сега се чувствувал одговорен што ја навлекол на никотин.