Двоглавата желка Магдалена би можела да биде замена за германскиот октопод Пол, кој го освои светот предвидувајќи ги резултатите на спортските натпревари. Магдалена воопшто не е обична желка. Има две глави и пет нозе, а на свет дошла пред една седмица во Жилина во Словачка. Левата глава на оваа млада желка го добила името Магда, а десната Ленка.
Оваа необична желка би требало да ги предвидува резултатите на натпреварите во хокеј на мраз, а доколку во тоа биде успешна би можела да стане славна како октоподот Пол, која на 25 октомври 2010 година угина во својот аквариум. Октоподот Пол се прослави за време на последното светско првенство во фудбал по своето беспрекорно предвидување на натпреварите.