Осамена желка домашен љубимец почнала да усвојува лоши човечки навики. Наоѓала запалени догорчиња по дворот и пропушила. Зависноста стигнала до половина кутија цигари дневно.
Ли Јун од градот Коукиан во округот Јонгџи (Кина), е сопственикот на желката која од здодевност пропушила. Се почнало кога немарниот Ли ги фрлал запалените догорчиња по дворот, а желката ги наоѓала. Ли тврди дека таа сега е зависник. Почнал и да и мери време. Наводно една цигара пуши за четири минути. Ако не испуши половина кутија дневно, станува нервозна.
и желките не се тоа што беа
„Кога ќе ме види дека ќе запалам, ја дига главата од водата и гледа во цигарата. Ако ја игнорирам, нервозно плива во круг и гребе по ѕидовите на аквариумот. Кога конечно ќе и запалам цигара, ќе ја загризе цигарата со сета сила и за неколку минути ќе ја испуши“ рекол Ли.
„Не можеме да направиме ништо ако желката доброволно пуши. Но можеме да спречиме тоа да не се прошири“ рекол Танг Јингвен од Друштвото за заштита на животните.
Ohridnews