Американските ветеринари нашле голема желка во Калифорнија која била повредена. Се плашеле дека повеќе не ќе може да се движи откако едно куче ја каснало за предната нога. Ја пренеле во ветеринарната станица и се досетиле на несекојдневно помагало.
На долниот дел од оклопот и прицврстиле тркала од играчка камион. Сега наместо да се мачи со три здрави нозе, се вози на четири тркала. Добро се снаоѓа, туркајќи се со задните нозе и управувајќи со предната. Ја посвоил еден локален сурфер.