Благодарение на технолошкиот подвиг на јапонските експерти, една морска желка добила вештачки нозе. Ју, морска желка стара околу 25 години, останала без обете предни нозе во напад на ајкула. Со помош на протези повторно запливала во аквапаркот Сума во Кобе, на западот на Јапонија.

Двете гумени протези биле прицврстени за некој вид маица, која на желката и била навлечена преку оклопот, објаснил директорот на аквапаркот Наоки Камезаки. Морското животно, тешко 96 килограми и со 82 сантиметри долг оклоп, било уловено во рибаркса мрежа и било испратено во аквапаркот во 2008 година. Желката со повредените нозе можела да оствари само 60 проценти од својата вообичаена брзина во пливањето. Тоа на ветеринарите им дало идеја да и направат вештачки нозе.