Од одделението за одржување при Локалната самоупрва информираат дека непознати сторители постојано ги оштетуваат канделабрите низ градот при што ги крадат железните капаци.


Најчесто на мета на крадците се канделабрите на пешачката патека кон Инекс Горица, на булеварот Туристичка и 15- ти Корпус. 

При оштетувањето на канделабрите, поради високиот напон на струјата  може да дојде до несакани последици и човечки жртви, но очигледно крадците за тоа не се свесни, велат од ова одделение.

Од неодамна железните капаци започнаа да се заменуваат со пластични, со цел да се избегнат понатамошните оштетувања, под претпоставка дека железните се крадат за потоа да се препродаваат како старо железо.  

OhridNews