Јапонија придава огромно значење на образованието и смета дека секој треба да има право на школување, па така, иако потполно нерентабилна, една железничка станица остана отворена само поради една гимназијалка. Станицата Ками-Ширатаки на северниот јапонски остров Хокаидо е повеќе од специфична. Имено, низ неа минуваат само два воза дневно, еден од 7 часот наутро и еден во 17 часот попладне за да одвезат, односно довезат само една единствена патничка, ученичка која секој ден го користи возот за да оди на училиште.
Како што јавуваат локалните медиуми, јапонската железница пред три години одлучи и покрај економската неисплатливост, да ја задржи станицата поради ова девојче, па дури отиде толку далеку што го прилагоди возниот ред според нејзиниот распоред. Во железницата истакнуваат дека станицата ќе остане отворена се додека девојчето не матурира.