Со поставување на цевките за атмосферската канализација, деновиве треба да започне најважната фаза од подготовките за асфалтирање  на булеварот Железничка.


Покрај канализационите цевки, по должина на целата улица истоварени се и големи количини на песок, наменети за основата под асфалтот. Градежната механизација е поставена на терен, а поради изведување на градежните работи, има стеснување на неколку места од  булеварот, па поради тоа на сите учесници во сообраќајот, во овој дел на Охрид, им се препорачува внимателно возење.


Асфалтирањето на овој булевар, кој е единствена обиколница околу центарот на Охрид, доцни неколку години. Покрај проблемите со сопственоста на земјиштето како причина за неасфалтирањето на оваа улица се наведуваат и политичките препукувања меѓу централната и локалната власт.

Е.Е.