Еден хотел во Јапонија за разлика од другите, кои гостите ги привлекуваат со луксуз и прекрасни погледи од собите, нуди единствена атракција во својата најпопуларна соба – железничка пруга. Хотелот Вашингтон во токиската улица Акихабари, која е позната по продавниците на електрични апарати, ја направил пругата во собата на 13 кат.


Собната железница минува низ познати токиски улици, направена е и макета на познатиот бизнис облакодер Токиска Кула, како и популарниот рекреациски центар Хаконе. Гостите можат да управуваат свои сопствени возови во собата или да изнајмат од хотелот по цена од 12 долари.