Најмалку 21 лице се повредени, меѓу кои и четири деца во судир на патнички и товарен воз во северниот дел на Полска, соопштија властите, пренесе АП. Несреќата се случила синоќа пред 22 часот, претставник на противпожарната служба соопштил дека нема загинати.

Седум од 11 вагони на патничкиот воз по судирот излегле од шините, додава агенцијата АП. Портпаролот на полската железница изјавил дека никој не е сериозно повреден.

Се проценува дека во возот имало околу 300 патници. Несреќата се случила во последната недела од распустот во Полска кога многу деца се враќаат дома пред почетокот на училишната година.

OhridNews
Макфакс