Булеварот „Железничка“ ќе биде завршен следната година најави градоначалникот Александар Петрески на осмата седница на Советот на чиј дневен ред се советнички прашања.
Петрески истакна дека постојат објективни причини поради кои не е завршен овој проект. Според него најголем проблем претствува експропријацијата на земјиштето и изгрдбата на канализационата мрежа. Тој најави дека до пролет следната година комплетно ќе бидат завршени сите потребни зафати по што ќе следи асфалтирање на северната трансферзала.
– Се чека да заврши тендерот за дождовна канализација, сите работи да се средат во зимските месеци за асфалтирањето да започне по Нова година, рече Петрески.
Градоначалникот на Охрид искажа разбирање за доцнењето на изградбата на „Железничка“, која централната власт за време на изборната кампања за локалните и претседателските амбициозно најави дека ќе биде изградена 6 месеци. Тој посочи дека по отпочнувањети на градежните работи се појавиле сериозни проблеми со експропријацијата на земјиштето на ул. „Железничка“ бидејќи таа била извршена пред 20-30 години за што општината не поседува целосна документација.
Неодамна опозициската СДСМ на прес конференција обвини дека Владата ја заборавила „Железничка“ и дека освен камен темелникот поставен пред 7 месеци на се се извршени никакви други зафати на сообраќајницата. Реагираше Агенцијата за државни патишта која обвинувањата ги отфрли како неиздржани, посочувајќи дека и намалувањето на динамиката на градежните работи е предизвикани од недостатоците на главниот ревидиран проект кој е превземен за реализација од Општина Охрид.
Ohridnews