Македонскиот шампион КМФ Железарец за противници во Ф – групата од УЕФА Футсал купот за квалификациската и главната рунда ги доби холандскиот Ајднховен, потоа претставникот на Малта , Екцес РП Биднија и турскиот тим Истанбул Универзитет.


Натпреварите од оваа група ќе се одиграат во Скопје од 17-21 Август оваа година.

Доколку го освои првото место во групата екипата на КМФ Железарец ќе игра на турнирот од главната рунда заедно со екипите на Динамо Москва, Атина 90 и Литија од Словенија која ќе биде домаќин на оваа група.

Ohridnews