Македонскиот футсал првак Железарец претпре пораз и во третиот натпревар од футсал купот во Братислава. По успешни од избраниците на Скендеровски беа словенските прваци Кобарид со 5-3.


На пет минути пред крајот железарците имаа 3-2 предност со погодоците на Тодоровски, Ранготов и Љубомир. Сета надеж дека може да се стигнат до првите бодови падна во вода откако капитенот Ручна со вториот гол на мечот изедначи на 3-3, а со головите на Жорц и Ковач словенците стигнаа до победа со која го избегнаа последното место во групата.

Најдобар во нашата група е Спортинг кој со 2-1 го победи домаќинот Слов – Матик.

Ohridnews