Битолскиот клуб Еурофарм Пелистер без шефот на стручниот штаб Жељко Бабиќ ќе отпатува во Германија каде против Магдебург ќе го игра реваншот од Европската ракометна лига. Бабиќ гостувањето во Германија ќе го пропушти поради позитивен тест на коронавирусот.

Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески. Бабиќ ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп) и Татран Прешов (СЕХА лига). Клубот му посакува брзо оздравување и враќање на работното место. Исто така известени се претставниците на Вардар 1961, со кои Еурофарм Пелистер играше натпреварот од плеј-офот на Суперлигата во саботата, – се вели во соопштението од Еурофарм Пелистер.

„Пелистерци“ имаа речиси невозможна мисија во Германија, затоа што на домашен терен во Битола претрпеа убедлив пораз од осум голови разлика.

OhridNews