Четврт – финалните довјки во националниот фудбалскиот Куп на Македонија ќе бидат извлечени во вторник (20 октомври). 

Комесарот за натпревари во ФФМ, МИле Спиркоски информираше дека ждребката ќе се изврши во студиото на ТВ „Канал 5“, за време на полувремето (21:30 ч.) од натпреварите во ЛШ.

На извлекувањето на двојките гости во студиото ќе бидат и претставниците на четврт-финалистите Пелистер, Ренова, Металург, Тетекс, Работнички, Македонија ЃП, Скопје и Дрита.

Првите натпревари од оваа елиминаторна рунда се закажани за 28 октомври, а реванш-средбите за 25 ноемеври.