Македонските ракометни преставници во ракометната Лига на Шампиони , Вардар и Металург добија посакувани противници во првата елиминациска рунда. Актуелниот македонски првак Вардар во Скопје на мегдан го носи бранителот на тронот германскиот Хамбург.

–    Искрено задоволни сме од можноста да играме против европскиот првак Хамбург. Ќе биде тешко но со подршката на нашиот осми играч очекуваме да се прикажеме во одлично светло. Не го сметам за недостаток тоа што првио меч ќе го играме пред домашна публика, напротив треба да се одигра добро во двата меча за да се оди понатаму – рече Давор Стојаноски, преставникот на Вардар на ждрепката во Виена.

Вардар нема што да загуби, смета преставникот на Хамбург , кој потенцираше дека е среќен што ќе имаат можност да играат пред полни трибини во Скопје.

–    Наша задача е да го одбраниме тронот, Вардар е тежок противник најтешкиот што може да го добиеме во оваа фаза.Знаеме каква е атмосферата во салата, колку е силен нивниот состав и заедно прават одлична хемија, кој досега даваше резултати. Вардар е во ситуација во која нема што да загуби. Ако победи го елиминирал европскиот првак, ако загуби тоаш загубил од Европскиот првак, – истакна Матис Рудолф, преставникот на Хамбург.

Преставникот на Металург на Виенската ждрепка Зоран Цветаноски не го криеше задоволството што Металург за противник го доби Данскиот Колдинг.  Металурзите имаат позитивен биланс со данските екипи. Лани во двата меча го совладаа Силкеборг.

–    Колдинг е квалитетен состав со кој сигурно може да се носиме,и секако се надевам на повтоварување на лансиот успех и пласман во четртфиналето. Металург покажа дека во Скопје никому нема да му е лесно. Кога можеше најдобрите Барселона и ПСЖ да “паднат“ зошто да не и данскиот Колдинг. Играњето на првиот меч на домашен терен го сметам за предност, досега се покажа дека знаеме добор да одиграме дома, да направиме добар резултат и потоа истиот да го зачуваме настрана, како што беше случај со квалификациите против Сегед, – посочи Цветаноски.

Данците шансите за пласман во наредната фаза сметаат дека се 50-50. – Добивме мошне интересен тим кој одигра одлично во првата фаза. Тимот го носи публиката и за да го елиминираме ќе мора да одиграме на вискоко ниво во двата меча – рече Јенс Босен преставникот на Колдинг.

Мечевите до осминафиналето од Лигата на шампиони ќе се играат на 22 и 23 март. Во сабота Вардар ќе го пречека Хамбург, додека во недела Металург ќе игра против Колдинг. Реванш мечевите се една недела подоцна.

Од Виена, Австрија

Мирко Постоловски