Ждрепката во Купот на Македонија немаше ни малку милост и на мегдан во 1/8 финалето ги одведе „скопските ривали“ Вардар – Металург.
Од останатите натпревари за издвојување е дуелот меѓу Хоризонт Турново и Брегалница кои сезонава го предводат орото во Првата македонска фудбалска лига.
Двојки 1/8 финале :
Металург – Вардар
Тетекс – Ренова
Пелистер – Миравци
Работнички – Новаци
Силекс – Дрита
Гостивар – Напредок
Хоризонт Турново – Брегалница
Шкендија – Македонија ЃП
Првите натпревари од осминафиналето во Купот на Македонија се играат на 18 септември додека повратните мечеви една седмица подоцно односно на 25 септември.
Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.