Освојувачот на СЕХА Лигата, Вардар Про доби екстра квалитетен противник во ЕХФ Купот. Во третата рунда “црвено црните“ ќе се сретнат со германскиот Магдебург.

Противникот на Вардар Про има богато минато низ европските натрпеварувања. Три пати бил првак во Лигата на Шампиони, три пати се закитувал со златни медали од ЕХФ Купот.

Првиот натпревар натпревар се игра во Германија на 24/25 ноември додека реваншот е закажан седум дена подоцна во Скопје.

Мх.П.