Ракометниот клуб Охрид имаше повеќе од поволна ждрепка во 1/2 финалето во Купот на Македонија, откако за противник го доби составот на Еурофарм Работник, а ги избегна скопските екипи Металург и Вардар кои не би требало да имаат потешки задачи во четвртфиналните пресметки со Радовиш односно Борец.

Завршниот турнир во Купот на Македонија ќе се одржи следниот викенд, а домаќин ќе биде градот Битола, односно спортската сала „Младост“.

„Гладијаторите“ и минатата сезона беа дел од Ф4, а мечевите ги завршија во 1/2 финалето претрпувајќи пораз од Вардар на турнирот кој се одржа во Охрид.

Годинешното издание во женска конкуренција ќе се оджи во спортската сала „Автокоманда“, а во полуфиналето ќе се сретнат Металург – Прилеп односно Вардар – Гевгелија.

OhridNews