Европската куќа на фудбалот (УЕФА), денеска во 13 часот, во своите простории ќе изврши ждрепка за осминафиналната фаза во Лигата на Европа.

Најголем број на екипи има Премиер лигата, вкупно три (Манчестер Јунајтед, Арсенал и Тотенхем), додека италијанската Серија А има два претставници (Милан и Рома). Токму овие пет екипи заедно со Ајакс и Глазгов Ренџерс се најнепосакувани ривали во 1/8 финалето и фаворити за тронот во најмасовното клупско натпреварување.

Во ждрепката нема носители и географски ограничувања, што значи дека може секој со секого да се сретне во 1/8 финалето.

Осминафиналисти:

Молде

Виљареал

Арсенал

Глазгов Ренџерс

Ајакс

Гранада

Шахтјор Доњецк

Милан

Рома

Динамо Загреб

Олимпијакос

Манчестер Јунајтед

Динамо Киев

Славија Прага

Јанг Бојс

Тотенхем

OhridNews