20 селекции поделени во пет шешири ќе се најдат во четирите прелиминарни групи.
Македонската резентација, што ја предводи Новко Ѓорѓиески, е сместена во третиот шешир, заедно со селекциите на Аргентина, Казахстан и на Унгарија и, како домаќин, ќе има привилегија да ја избере својата група откако ќе заврши ждребувањето од останатите четири шешири.
За први носители се поставени бранителот на титулата, Данска, вицепрвакот Шпанија, Кореја и Романија.
Вториот шешир го сочинуваат Хрватска, Франција, Словенија и Црна Гора.
Во четвртиот ќе се најдат Германија, Тајван, Ангола и Бразил, а најслаборангирани се Јапонија, Алжир, Уругвај и претставникот на Океанија.
Ждрепката ќе се одржи на полувремето од утрешниот финален натпревар, што почнува во 18.30 часот, а топчињата ќе ги влечат членките на нашиот младински национален тим.
Управниот одбор ги одреди Охрид, Гостивар, Виница и Гевгелија како градови-домаќини на прелиминарната фаза по групи на Светското првенство за јуниорки што ќе се одржи од 21 јули до 3 август годинава.
Полуфиналето и финалето место во Охрид ќе се одржи во Скопје.