Поранешниот претседател на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) направи споредба меѓу сегашните успеси на Ред Бул и победничката серија на Ферари кога самиот тој беше на чело на италијанскиот тим.
Михаел Шумахер освои пет титули во низа со Ферари од 2000-2004 година. Сепак, во 2005 година, и покрај доминацијата од претходните години, Ферари не успеа во шампионатот, завршувајќи само на третото место во шампионатот за конструктори.
Гледам сличности меѓу овие две епохи. Ред Бул успеа да создаде победнички тим со Макс Верстапен кој навистина може да се нарече извонреден, паметен, фантастичен, вистински професионалец. Но, не се сеќавате на 2005 година? Ист тим, исти возачи по сезона полна со победи, и иако Шумахер сè уште беше со нас, ние веќе не бевме конкурентни. Следната година повторно станавме брзи, но на крајот ја загубивме титулата поради проблеми со доверливоста на опремата, а малку порано Михаел најави пензионирање, иако подоцна се врати во Ф1 во 2010 година. Во овој период ја освоивме и шампионската титула со Кими Раиконен во 2007 година, а во сезоната 2008 на Фелипе Маса му недостигаа неколку метри да победи, изјави Тод.
Верстапен е освојувач на шампионскиот трофеј во Формула 1 во последните три години.
OhridNews