Во интервју за French Radio London славниот француски дизајнер Жан Пол Готје открива дека убавината треба да се бара во несовршенството и асиметријата.

Легендата на француската и светската мода, генијалниот Жан Пол Готје, смета дека “не постои нешто како совршена жена“. Еден од кралевите на високата мода кој пред неколку дена го прославил 62-от роденден, во интервју за French Radio London, се осврнал на идеалите за женската убавина и перцепцијата на совршеното.

“Она што некои луѓе го нарекуваат несовршено, мене ми делува како шармантно и интересно. Би рекол дека не постои совршена жена. Тоа воопшто не е мое подрачје на интерес“, изјавил Готје.

“Луѓето со необичен изглед на носот, интересна коса или помалку нескладни детали – тоа е она што за мене е интригантно и убаво. Убавината се обидувам да ја пронајдам таму каде што другите луѓе обично не ја бараат. Важно е да се знае како да се отворат очите“, изјавил Готје.

Една од причините за разговорот била и големата ретроспективна изложба на креациите на Готје, “The Fashion World of Jean Paul Gaultier: From the Sidewalk to the Catwalk”, која од 9 април до 25 август била поставена во лондонската галерија Barbican.

 

извор: cromoda.com