Иако наскоро ќе наполни 50 години, Жан Клод Ван Дам сеуште мисли дека може да се носи со некои од најопасните борци на светот. Актерот не бил во витинска борба откако ја започнал филмската кариера во 1980 година. Сега во едно реално шоу ќе се бори со кикбоксерот од Тајланд Сомлук Камсинга.


Камсинга во 1996 година освоил златен медал на олимписките игри . Камерите ќе ги пратат тренинзите на обата борци, пред самата борба која ќе се одвива по к-1 правила. Ван Дам во својата кариера има еден пораз и 18 победи со нокаут.