Здездата на акционите филмови Ван Дам имал лесен срцев удар за време на снимањето на последниот филм „Оружје“ во Њу Орлеанс. Веднаш бил превезен во болница, а се се случило само еден ден по прославувањето на неговиот јубилеен 50 роденден.
По прегледот бил пуштен од болница и со својата сопруга отишол во куќата во Белгија. Се очекува негово целосно закрепнување. Ван Дам и се обратил на јавноста и потврдиле дека е добро. Снимањето на филмот е прекинато и сеуште не се знае кога ќе продолжи.