Жан Клод Ван Дам повторно ќе се разведе од сопругата Гледис со која има две деца. Парот прв пат бил во брак од 1987 до 1992 година, а тогаш се развеле бидејќи актерот имал афера со актерката Дарси ла Пиер со која подоцна и се оженил. Но, тука приказната за неговиот комплициран љубовен живот не застанува. Славниот актер тогаш ја изневерил бремената Дарси со пејачката Кајли Миног. Кога обете му здодеале се вратил на првата љубов Гледис со која тогаш повторно застанал пред олтарот во 1999 година.
Гледис од судот бара алиментација но и да и се врати моминското презиме Португес. Парот има две возрасни деца, синот Кристиан и ќеркат Бианка. Со поранешната сопруга Дарси го има синот Николас. Актерот на врвот од својата кариера бил зависен од кокаин и наводно признал дека своевремено шмркал и до десет грама дневно. Пред неколку години објавил дека му е поставена дијагноза на биполарно пореметување.