Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски поради позитивен тест на вирусот ковид -19 ќе го пропушти Европското првенство во сала, кое овој месец ќе се одржи во полскиот град Торун.

Ивановски норма за ЕП во Полска обезбеди на митингот во Белград, Србија каде победи на 1 500 метри со нов рекорд на Македонија.

Македонија, сепак, нема да остане без претставник, бидејќи норма за ЕП обезбеди и атлетичарот од охридскиот клуб, Јован Стојоски. Стојоски ќе се натпреварува на 400 метри.

Европското првенство во сала поради повреда ќе го пропушти првата атлетска ѕвезда во Србија, Ивана Шпановиќ. Шпановиќ го повреди бутниот мускул и не се знае колку ќе апстинира од „тартанот“.

OhridNews