Кошаркарите на Црвена Ѕвезда со нерегуларен кош на Били Берон со звукот на сирената го совладаа Партизан (76-75) во четвртиот меч и стигнаа до третата победа, која им донесе петта титула во серија во српскиот кошаркарски шампионат.

Партизан се жалеше за пропустот на судиите и не санкционираните чекори во последниот напад, но првите луѓе на федерецијата ја одбија жалбата за преигрување на мечот а ги казнија судиите за евидетната грешка.

  • Грешката е видлива и не се досудени чекори во завршниот напад на Црвена Ѕвезда. До тогаш судењето беше добро. И покрај грешката на судиите која влијаеше на конечниот исход мечот нема да се преигра бидејќи не стои такво правило во системот на натпреварување во правилата од ФИБА. Жалбата на Партизан се одбива. – стои во соопштението од дисциплинската комисија.

За слабата оценка за арбитражата, судиите ќе паузираат три мечеви на стартот од следната сезона а нова ваква грешка ќе ги чини губење на ФИБА знакот.

OhridNews

Филмска победа на Црвена Ѕвезда против Партизан за титула во Србија (видео)