Научниците по прв пат научно го забележале масовното напуштање на живеалиштата на жабите неколку дена пред почетокот на земјотресите, што би можело да се искористи во изработката на прогнозите за поместувањето на земјината кора. Авторите на извештајот од Британскиот Универзитет во Лондон го набљудувале однесувањето на обичните жаби кои својата икра ја исфрлаат само во текот на еден месец во годината.
Сакале да го утврдат влијанието на месечевиот циклус врз репродукцијата на овие водоземци. Набљудувајќи ги, забележале дека пет дена пред разорниот земјотрес во италијанскиот град Аквил, на 6-ти април 2009 година, 96 проценти од мажјаците ја напуштиле својата бара и се вратиле дури неколку дена по завршувањето на земјотресот. Три дена пред земјотресот, една бара која се наоѓала на 74 километри од епицентарот, ја напуштиле сите жаби.