Жабата Викторија неодамна во Австралија беше прегазена од косилка. Иако за жабите ова е обично крај на приказната, Викторија имала среќа. Благодарение на пријателите на животните завршила на операционен стол.


Косилката и ја расцепила кожата на грбот и и ги повредила внатрешните органи. Операцијата траела 30 минути и се поминало во најдобар ред. Откако ќе се опорави жабата ќе живее во паркот.