Македонската кошаркарска репрезентација завршните четири натпревари од чии исход зависи дали ќе обезбеди пласман на Европското првенство ќе треба ги одигра во рок од само пет денови на почетокот на идната година, одлучи ФИБА Европа.
Февруарскиот квалификациски циклус во Б-групата ќе се игра во рускиот град Перм, а македонската репрезентација своите натпревари ќе ги одигра од 18 до 22 февруари.
Прв противник на „црвено-жолтите“ ќе биде Италија на 18 февруари, следниот ден е пресметката против домаќинот Русија, по што следат уште едем меч со Италија, 21 февруари, и завршниот дуел со Естонија, на 22 февруари.
Македонската кошаркарска репрезентација ги отвори квалификациите со два порази, а пларсман на завршницата носи најмалку третото место во групата.
OhridNews