Се сеќавате ли на пудличката заврзана на дрво и оставена на милост и немилост на летното сонце заедно со своите шест малечки кученца? Сите малечки си ја најдоа среќата, велат од здружението за заштита на животни „Анималија“ од Охрид.

-Благодарност и до „ohridnews.com“ што веднаш алармираа за оваа нечовечната постапка. Денес и последното кученце ќе биде вдомено, па и мајката си чека дом.-информираат од „Анималија“. 

Од „Анималија“ најавуваат дека овој случај деновиве ќе биде пријавен до надлежните институции, псочовајќи дека здружението располага со одредени информации за можниот сторител.

Од здружението уште апелитраат до сопствениците да ги стелизираат своите миленици доколку не се во можност да се грижат за нивното потпомство, укажувајќи дека не сите животни имаат среќа како малите на напуштената пудлица, како и дека „Анималија“ не е во можност да им излезе во пресрет на сите.

OhridNews

Каква нехуманост: Мајка со шест кученца напуштена и врзана за дрво

Активисти од „Анималија“ ги згрижија напуштената пудлица и нејзините мали