Зградата со социјални станови во нас. „Расадник“ се пушта во употреба
Објектот што го градеше јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор располага со 70 станови што се наменети за лица корисници на социјална или постојана парична помош, самохрани родители со малолетни деца, млади брачни парови и други социјални категории на граѓани.
Изградбата на објектот почна на 8-ми август 2008 година, а предвидено е во непосредна близина да се гради уште една зграда со уште 72 станови.