Кула на 23 ката во парискиот кварт Есон се продава по симболична цена од едно евро. Кулата 27 во париската општина Вињо ла Сеин изградена е 1960 година, со 120 станови кои ги субвенционирала државата, а во 2006 година било планирано да се сруши. Во меѓувреме општината се откажала од тоа и во план е реконструкција на оваа градба во рамките на проектот урбано обновување и одржување на стариот дух на градот.
Кандидатите заинтересирани за реконструкција на градбата имаат рок до 30 април да поднесат понуда до општината. Зградата би требало да биде обновена до 2016, а наместо социјални станови во неа би требало да бидат сместени уметнички ателеа. Стотина станари кои сеуште живеат во таа зграда треба да бидат раселени и сместени на друга локација.