Во ноември угостителските услуги се зголемени за 0,3 отсто во споредба со месец октомври, покажуваат податоците Државниот завод за статистика.

Зголемување е забележано во групата храна за 0,3 отсто, алкохолни пијалаци за 0,1 и безалкохолни пијалаци за 0,9 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември во однос на истиот месец од претходната година е намален за 0,2 отсто.

Цените на угостителските услуги за периодот од јануари до ноември 2010 година, во однос на истиот период од минатата година е зголемен за 0,2, додека во однос на декември 2009 година е намален за 0,7 отсто.

OhridNews
Извор: Makfaks