Порастот на трошоците на животот во март годинава во однос на претходниот месец е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 12,7 отсто, производите од жито за 6,6, овошјето за 5,1, преработеното овошје за 1,7, свежото и киселото млеко за 1,6, другите прехранбени производи за 1,3, млечните производи за 1, безалкохолните пијалаци за 0,8, јајцата за 0,7, рибата за 0,6, преработките од риба за 0,5 и месото за 0,3 проценти.
Пораст на трошоците на животот е забележан и кај електричната енергија за 5,4, нафтените деривати и течните горива и гасот за 3,8, деловите за сообраќајни средства за 2,6, храната во ресторани и хотели за 1,5, лековите и садовите и приборот за домаќинствата за 0,9, облеката за 0,7, услугите за нега и хигиена и пијалаците во ресторани и хотели за 0,6 и Останати услуги неспомнати на друго место за 0,2 проценти.
Намалување на трошоците на животот е забележано кај мастите, преработките од месо, алкохолните пијалаци, бањските услуги, превозот на патници, мебелот, средствата за образование и туристичките аранжмани и обувките.