Цените на мало во април се зголемени за 0,7 проценти, а трошоците на живот за 0,3 проценти во споредба со претходниот месец, објави денеска Државниот завод за статистика.

Порастот на трошоците на живот е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 5,2 проценти, рибата за 0,9 проценти, преработеното овошје за 0,6 отсто, производите од жито, преработките од риба и млечните производи за 0,5 отсто, месото и јајцата за 0,4 проценти, свежото и киселото млеко и алкохолните пијалаци за 0,2 проценти.

Зголемување на трошоците на живот се забележани и кај превозот на патници, садовите и приборот за домаќинствата, услугите за образование и останати услуги, неспомнати на друго место, услугите за одржување на станот, средствата за хигиена, материјалите за одржување на станот, трошоците за одржување на автомобилите, како и облеката и мебелот.

OhridNews