– Ние сме во постојана комуникација со надлежните институции и ја следиме состојбата со нивото на Охридското Езеро- информират од локалната самоуправа.
Според последните мерења нивото на Охридскоот Езеро е на 693,86 метри надморска височина, што е за 11 сантиметри повеќе од максимално дозволената кота 693,75.
– Во моментов излевање на водата нема,а испуштањето на водата од Охридското Езеро го регулираат Електрани на Македонија ( ЕЛЕМ ), односно хидроцентралата Глобочица. Котата на Глобочичкото Езеро денес изнесува 687,72 и има прелив од 27 сантиметри бидејќи котата на прелив изнесува 687,45. Преливот е контролиран од страна на хидроцентралата Глобочица, информираат од Центарот за управување со кризи.
Експертите посочуват дека место за паника засега нема затоа што населените подрачја во охридско и струшко се најмалку еден метар над максималната кота утврдена со Билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија.