Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2015 година, во споредба со февруари 2015 година, е зголемен за 0,3%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,5% и Алкохолни пијалаци за 0,1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,5%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-март 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,3%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0,1%.

OhridNews